вторник, 12 мај 2026

Влен со нова визија за децентрализацијата и локалната власт

Демократијата почнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во нашата програма, соопшти новата партија Влен.

Објавено на

часот

Сподели

„Влен му дава ново значење на децентрализацијата. За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем простор за прекугранична соработка, поттикнување на локалниот економски развој и посилна улога на локалната власт во основното и средното образование.
Општините треба да имаат јасни надлежности, средства и право самостојно да одлучуваат за своите развојни приоритети. Тоа подразбира фискална децентрализација, локален економски развој и прекугранична соработка со општините од регионот. Стратешкиот проект Тетово–Призрен е конкретен пример за оваа визија, бидејќи ја зајакнува инфраструктурната, економската и развојната поврзаност меѓу граѓаните од двете страни на границата.
Овие што глумат патриоти никогаш гајле немале за децентрализацијата. Беа зафатени со лоповлук. Затоа, каде и да владееја, оставија пустош зад себе, општини без вода за пиење, без развој и без нормални услуги за граѓаните. Албанците ја видоа оваа лага и на изборите ги тргнаа.
Тие се веќе минато. Преку нашата политичка програма, отвораме ново поглавје за локалната власт. Поглавје во кое општините не се гледаат како плен, туку како институции со вистински надлежности за да им служат на граѓаните.
Се залагаме за нова фаза на децентрализација, каде што локалната власт ќе биде носител на развојот. Тука е разликата меѓу политика што само зборува и политика што работи“, соопшти Влен.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ