„27 април, крвавиот настан на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски е најцрниот датум во историјата на македонската демократија, кога по налог на Никола Груевски толпа насилници се обидоа да убијат пратеници и новинари и да спречат трансформација на власта. Со денешните пресуди се затвора најсрамното поглавје во историјата на независноста. Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани осудени насилници и криминалци?
Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложништво на политиките на Мицкоски? ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски конечно треба да сфатат дека заврши времето на контролирано судство да сфатат дека никако нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството и дека се додека се на страната на криминалците, ќе бидат поразувани од граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.






