вторник, 19 мај 2026

СДСМ: Пратениците Ласовска, Трајанов и Стаменкоска од ВМРО-ДПМНЕ се на чело на блокадите за раст на платите на наставниците

Објавено на

часот

Сподели

„ВМРО-ДПМНЕ без чувство на одговорност се противи наставниците и стручните соработници да имаат правна и економска сигурност. Со оваа блокада ВМРО-ДПМНЕ е и против тоа 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. Ваквото газење по достоинството на наставниците и непочитување е препознатлив печат на ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеше и во времето на режимот.

Наставниците не се виновни што Мицкоски нема идеја, план, програма, што нема никаков концепт за граѓаните. Напротив, наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно-образовниот процес.

Апелираме до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да застанат на страната на наставниците и наместо да блокираат, да ги одберат реформите во образованието. Образовните реформи се во интерес на граѓаните, на наставниците, на образовниот процес, на учениците“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ