
„Со оваа мерка се опфатени околу 40.000 активни студенти, кои на почетокот на секој месец на сметка ќе добијат средства за субвенционирани оброци. Министерството за образование и наука ќе врши исплата од околу 15 милиони евра директно на трансакциските сметки на корисниците. Измените оставаат можност корисникот на субвенционираниот оброк да може да го оствари своето право кај секој еден трговец“, се наведува во соопштението.
Оваа мерка, според партијата, значително ќе го олесни секојдневието на студентите, ќе се унапреди студентскиот стандард, ќе се зголеми финансиската стабилност и секој студент ќе може да го оствари своето право на здрав и квалитетен оброк во своето место на живеење.






