„Мицкоски докажан бранител на криминалот и непресушен извор на лажни вести повторно прави обиди да ги измами граѓаните со лажен наратив Таканаречениот нов концепт Мицкоски може да го нуди само ако го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Ако престане да брани лица осудени за тероризам, ако почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници и да застане на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците.
Мицкоски мора и да се извини за криминалот со кој режимот 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и барем еднаш да каже дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди. Без сето ова, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски може само да очекува нов пораз на претстојните локални избори.
Граѓаните бараат и заслужуваат политички натпревар со идеи кои ќе го подобрат животот. Затоа СДСМ е препознаена како одговорна и државотворна партија, партија со која напредокот е загарантиран“, соопшти СДСМ.






