„Денес Република Северна Македонија е рамноправна членка на НАТО и седи на истата маса каде се носат одлуки за глобалната безбедност. Со Договорот, еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаа во ризницата на светските народи и јазици, потврдено и запечатено од целиот свет, од целата меѓународна заедница.
На овој ден пред три години избравме иднина, наместо неизвесна и бесмислена изолација во која не втурна бесмислената политика на режимското владеење.
Преспанскиот Договор е вброен како едно од најголемите дипломатски постигнувања во целиот свет, а најголемите светски лидери оддадоа признание за консолидацијата на Балканот и за нашиот придонес за стабилноста и развојот на нашиот регион.
Покажавме дипломатска доблест, храброст, достоинство и политички став. Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски што тогаш ги ширеа во паника, се распрснаа како меури од сапуница. Одбравме да одиме напред, со заштитен и потврден идентитет, со гарантирана посебност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца.
И колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат, држава рамноправен партнер на демократскиот свет“, соопшти СДСМ.






