среда, 20 мај 2026

СДСМ: Данела Арсовска е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ знае оти нема кандидат за победа

Објавено на

часот

Сподели

„Арсовска е избрана само да го понесе поразот во Скопје. Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска ќе се обиде да глуми наводна независност, ама со потписите на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ. Како и да ги пакува партиските кандидати Мицкоски не може да ја избегне казната што граѓаните ќе му ја испорачаат бидејќи упорно ги потценува и се обидува да ги прелаже со веќе видени трикови“, соопшти СДСМ. 

Партијата додава дека после 27 годишно уништување на Скопје од страна на ВМРО ДПМНЕ, не проаѓа глумењето кандидати, ниту пак потценувањето на скопјани.

„Јасно е, Петре Шилегов со својот резултат и сработеното во Скопје е најдобрата понуда за скопјани и сигурен победник на изборите“, пишува во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ