среда, 20 мај 2026

Митева: Заев и Шилегов ветија ќе уриваат, а денес во ТЦ Мавровка имаме објект, засолниште за функционерите од власта

Објавено на

часот

Сподели

„Апологетот на Заев, Петре Шилегов, ја продолжи темата со изјава дека преку вакви ситни примери ја гледаме нивната решеност правото да важи подеднакво за сите. Идеите на Заев и решеноста на Шилегов кај трговскиот центар Мавровка резултираа со нов, реконструиран објект кој денес претставува засолниште на функционерите од власта. Партиите на власт континуирано ја заматуваат линијата помеѓу помеѓу државата и партијата.

Правда и правичност од Заев и Шилегов нема, има само логична дилема до кога ќе ги потценувате скопјани, до кога ќе ги потценувате нашите сограѓани? На локалните избори во октомври изборот е јасен, имаме можност да ги промениме работите. Да ставиме крај на лагата, неспособноста и градежното дивеење. Почитувани граѓани, да го запреме нискобуџетниот театар на Шилегов и СДСМ“, рече Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ