Коментирајќи одлука на влада дека во некои институции на административците ќе им се зголемат платите, Арсовски рече дека тоа се прави и во период кога во државата не се реализираат основни работи.
„И додека нема пари за реални проекти за протипожарна опрема, сервисирање на истата, наоѓа начин селективно да си наградува лица и институции, предизборно да прави предизборен поткуп. Ние побаравме да се набават противпожарни и амбулантни возила, кои ние со амандамни ги побаравме, ама тоа не ги интересира“, рече Арсовски.
Тој потенцираше дека Заев само знае да врши предизборен поткуп.
„Но, она што е добро е што сфатија граѓаните кој е кој, и знаат што ќе прават на изборите, ќе ја казнат оваа власт, СДСМ“, рече Арсовски.
То рече дека на прагот на четвртиот бран наместо да понудат решенија, Заев и Филипче репресираат и на сила и заплашувачки, дискриминаторски се однесуваат кон граѓаните. За СДСМ има само вакцинирани, а за живи не ги сметаат оние кои имаат створено антитела преку прележување на корона вирусот.
Такви се над 200 илјади лица кои имаат прележано корона вирус, односно околу 150 илјади официјално и сигурно уште околу 50-тина илјади кои не се пријавени и сите тие имаат најголем дел развиено антитела. За Филипче и Заев овие луѓе не постојат, односно ги дискриминираат и по секоја цена сакаат да ги одвојат и жигосаат. Имунитет имаат и едните и другите, но за Филипче важни се само оние кои што се вакцинирани.
„Никој не е против вакцинирање, само мора да се излезе од насилната матрица на Владата на Зоран Заев, на Венко Филипче и оние кои што имаат стекнато имунитет преку прележување на болеста, да бидат исто третирани како и оние кои што се вакцинирани. Никој никому не смее да му оспори право на живеење и секојдневие ако има стекнато имунитет на едниот или другиот начин“, рече Арсовски и додаде дека Заев и Филипче цело време се занимаваат со последици, а никако да превенираат од последиците.
ВМРО-ДПМНЕ повторно апелира на вакцинација, но треба да се почитува и правото на избор, односно да не се дискриминира на еден или на друг начин, и да се почитува правото на избор на оние различните, на оние кои мислат поинаку од останатите, односно кои што мислат поинаку од Владата. Исто така мора да се почитуваат и оние кои имаат имунитет и антитела, а не се вакцинирани, рече Арсовски.






