вторник, 19 мај 2026

Андоновски: Се уриваат спортските терени во СЦ Борис Трајковски за менторите на СДСМ да градат згради

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е како ден дека Регулацискиот план на Петре Шилегов за реонот на СЦ Борис Трајковски предвидува уривање на картинг патеката, тениските терени, но и на терасата на базенот Карпош. Прашањето е зошто среде одмори во август, Стефан Богоев, како еден од своите последни потези како градоначалник на Карпош, реши да донесе ДУП со кој се бетонизира спортскиот центар Борис Трајковски. Зошто последен потпис пред предвремената пензија на Богоев ќе биде потписот за уривање на дел од спортскиот комплекс Борис Трајковски?

Одговорот е едноставен. Заради олигархијата која и ден денес го контролира СДСМ. Петре Шилегов со помош на Стефан Богоев сакаат да го уништат најголемиот спортски храм во Македонија, за нивните ментори да градат згради.

Јавно прашуваме, дали е точно дека земјиштето за градба на огромни згради е под контрола на еден од најмоќните бизнисмени на црвената буржоазија на транзициските 90-ти години? Доколку не го знаете одговорот на некое прашање, видете кој ќе има најголема добивка од тоа. И ниту еден надмен, дрзок и безобразен лажен коментар на СДСМ не можат да избегнат од оваа вистина.

Ова не смее да му се случи на Борис Трајковски, на Карпош и на Скопје. Планот да се урнат тениските терени, картинг-центарот и терасата на базенот за да се добие прометна улица која ќе води до огромни бетонски згради е недопустлив.

Преку 500 дечиња ќе останат без тенис, картинг и безбедно пливање. Тренерите на сите овие спортови ќе останат без работа и извор на егзистенција. Изборот е или бетонизација или спорт.

Драги скопјани, во октомври имаме можност да одговориме на оваа дилема. На изборите имаме шанса да ги казниме овие бетонски политики, и да избереме развој на спортот. А потоа да следи одговорност за криминалот“, изјави денеска Андоновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ