четврток, 28 мај 2026

Водовод и канализација – Скопје утре ќе работи со скратено работно време

Јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација – Скопје информира дека по повод верскиот празник Духовден, утре шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат со скратено работно време, од 7:30 до 15:30 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Од претпријатието информираат дека со редовно работно време ќе се продолжи од 30 мај 2026 година (сабота).

Воедно, ги повикуваат граѓаните да ги користат електронските сервиси, кои овозможуваат побрз и поедноставен пристап до услугите на претпријатието.

Повеќе информации се достапни на  www.vodovod-skopje.com.mk  и пристап до електронските сервиси е овозможен преку  e.vodovod-skopje.com.mk.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ