понеделник, 18 мај 2026

Во Аеродром почнува акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Општина Аеродром денеска започнува пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата своја територија, која ќе трае до средината на јули.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Општината, акцијата претставува продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со Јавното претпријатие за комунални дејности.

На повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат стариот и дотраен мебел и друг вид кабаст отпад.

Акцијата започнува во населбата Мичурин, каде што на 18 и 19 мај садовите ќе бидат поставени на улицата „Анастас Митрев“, зад паркот до трансформаторот, како и на улицата „Венијамин Мачуковски“, во близина на трансформаторот кај Железничката станица.

Потоа, на 20 и 21 мај, активностите продолжуваат во населбата Острово, каде што отпадот ќе може да се остава на улицата „Владимир Комаров“ бр. 9, до контејнерите, и на потегот од број 6 до 16, зад ТЦ „Скопјанка“.

Од Општина Аеродром посочуваат дека граѓаните за останатите локации и термини можат да се информираат на официјалната веб-страница, каде е објавен целосниот план за спроведување на акцијата.

Со оваа активност, како што наведуваат, им се излегува во пресрет на жителите, овозможувајќи организирано и бесплатно отстранување на кабастиот отпад, а воедно се придонесува и за заштита на животната средина и спречување на создавање диви депонии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ