сабота, 16 мај 2026

Најлони, земја, предмети, влажни марамчиња… секојдневно се вадат од шахтите

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на мината ноќ, екипите на секторот Канализација, на улицата „Индира Ганди“, во Шуто Оризари, работеа на чистење и одзатнување на главна фекална канализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилни материјали, влажни марамици… За одзатнување на мрежата беа ангажирани две цистерни (под притисок и вакуум) и вакуум пумпа со голема моќност. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури”, велат од секторот Канализација на претпријатието.

Со апелот граѓаните се информираат дека за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ