понеделник, 7 јули 2025

Скијачкиот центар Маврово доби нов сопственик

Бизнисменот Огњан Циговски продаде 80 отстотен удел во Ресорт Маврово на австралиски бизнисмен по потекло од Македонија. Но кратко по потпишување на договорот имал проблеми со наплатата на договореното, па работата дошла до извршител, пишува Фактор.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Продадени се четири хотели, меѓу кои и хотелот „Бистра“ како најпознат, кабаре, три угостителски бачила, скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ и подружница за изнајмување на рекреативна опрема. Купувач на овој пакет е Љубе Кутлешоски од Австралија, односно неговата компанија „Бесијан холдингс ПТИ ЛТД“. Оваа компанија веќе една година е сопственик на хотелот „Епинал“ во Битола. Во целата оваа зделка се споменува и уште една австралиска компанија „Македонија ПТИ ЛТД“.

Циговски за „Фактор“ потврди дека минатата недела интервенирал извршител кој го запленил уделот на купувачот.

„На 20 мај потпишан е договор за пренос на удел, со кој уделот на содружникот Огњан Циговски беше пренесен на новиот содружник Епинал холдинг ДООЕЛ Битола. Договорот предвидува купувачот да ја доплати купопродажната цена во две рати, од кои првата доспеваше на 1 јуни. Како обезбедување за исплатата, купувачот во својство на нов содружник го заложи новостекнатиот удел. За жал, купувачот не ја изврши исплатата во договорениот рок, со што доплатата на целосната купопродажна цена доспеа во целост. На 9 јуни беше испратена опомена до купувачот, која не резултира со исполнување на обврската. Поради тоа, на 24 јуни беше покрената постапка за реализација на заложното право“, одговорија застапниците на Циговски.

Во моментов ниту еден од хотелите на Ресорт Маврово не работат, а поголемиот дел од персоналот е веќе без работа.

Инаку, според австралиските медиуми семејството Кутлешовски работеле градежни работи, а во неколку случаи имале проблеми со судските власти во Мелбурн. Стефче Кутлешовски и извесен Раман Шакири биле во затвор и казнети со 400 илјади австралиски долари откако илегално демолирале стар ирски паб, кој бил сметан за заштитено културно наследство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ