вторник, 12 мај 2026

Симона Груевска, претседателката на Советот за македонски јазик, поднесе оставка

Преку некои работи не може да се премине. Ова на својот фејсбук-профил го напиша Симона Груевска соопштувајќи дека поднесува неотповиклива оставка на местото претседателка на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Таа не даде подетални информации за причината на оставката.

„Им благодарам на членовите на Советот за прекрасната соработка, на членовите на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година и на членовите на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Им посакувам успешна понатамошна работа“, напиша Груевска.

Таа е истакнат професор од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и е активна во јавноста во заштитата и за промовирањето на македонскиот јазик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ