Швајцарскиот претседател бeше пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила Водно.
По пречекот, следи средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.
По пленарниот состанок Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во рамки на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
МИА






