Директорот на Ургентниот центар, д-р Игор Мерџаноски, за весникот „Вечер“ потврдил дека повреденото дете е оперирано и се наоѓа во критична состојба.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил во ООУ „25 Мај“ во Општина Гази Баба.
„На 11.5.2026 во 14:50 часот, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.






