четврток, 16 април 2026

СДСМ: Kривична пријава за перење пари против сопствениците на TВ Алфа

СДСМ до Јавното обвинителство на Македонија поднесе кривична пријава поради постоење на сериозни сомневања за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавата, според соопштението на СДСМ, е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик на Алфа ТВ, како и управителите на „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“ ДОО, поради основано сомневање за сторени повеќе кривични дела.

„Постојат основани индиции дека во периодот од 2017 година наваму, преку меѓународна мрежа на трансакции биле префрлени околу 2,85 милиони евра од странство кон Македонија, кои потоа завршувале во Алфа ТВ. Овие средства биле прикривани преку фиктивни договори за маркетинг и реклами со компании кои немаат реална економска активност на македонскиот пазар. Преку т.н. „шел“ компании се заобиколувале законите за транспарентност на медиумската сопственост и финансирање.

Финансиската полиција веќе констатирала дека се работи за ‘сомнителни маркетиншки услуги’ со цел прикривање на потеклото на парите.

Постојат основани сомневања дека биле склучувани нелогични договори и внесувани невистинити податоци во деловните книги, со цел легализација на сомнителен капитал. Накратко, постојат сериозни сомневња за перење пари преку лажни реклами и сомнителен капитал како извор на финансирање. За ова имало започната постапка, која очигледно се држи во фиока. Слободата на медиумите не значи слобода за перење пари, ниту одработување во интерес на странски авторитарни режими.

Очекуваме Јавното обвинителство и сите останати институции итно и без селективност да постапат, да се обезбедат доказите, да се замрзнат сомнителните текови на пари и да се утврди целосната одговорност. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ