недела, 17 мај 2026

СДСМ бара државниот врв да „признае“ дека внесувањето на малцинствата во Уставот не е закана за македонскиот идентитет

Лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ се предавници и дека Преспанскиот договор е закана за македонскиот идентитет се потврдени. Прво, премиерот Христијан Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Потоа, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски призна дека НАТО е феноменална работа. Сега и претседателката Гордана Сиљановска Давкова призна дека прашањето за македонскиот јазик, култура и национален идентитет е апсолвирано. Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Сега се на ред да признаат дека и внесувањето на малцинствата во Уставот не е никаква закана за македонскиот идентитет, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Сите тројца, еден по еден, ја потврдија вистината што СДСМ ја зборуваше години наназад. Останува уште да им признаат на граѓаните за сите лаги, лажни кампањи, обивнувања и загубени години. Малцинствата не се непријатели на Македонија. Тоа се наши сограѓани, соседи, пријатели, колеги. Ниту едно малцинство не го загрозува македонскиот идентитет. Она што ја загрозува Македонија е криминалот, корупцијата, изолацијата и блокадата на европската иднина што ја спроведува ВМРО-ОКГ. Вистината излезе на виделина. Сега е време за одговорност. Реформи сега. Правда сега. Европа сега“, велат од СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ