вторник, 12 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали е ,северномакедонец’

Jасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој таа користи термин „северномакедонски”, реагира партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ‘северномакедонски’ за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно. Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но северномакедонци нема.

Повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари, за да не можат истите да бидат искористени за политички цели.

Воедно, ги повикуваме и останатите политички партии да го осудат овој говор на министерката Петрова Чамова, со цел, како што се нагласува, ‘давање јасен став дека идентитетот не е предмет на разговори, преговори и договори’.

Пена му фати устата на Филипче од бранење на бугарските позиции, односно велеше дека Бугарија не го негира македонскиот идентитет, туку дека тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Секако, стигна брз демант од новоформираната влада на Радев, поточно од министерката за надворешни работи која не окарактеризира како ‘северномакедонци’.

За тоа време, од македонската опозиција предводена од војникот на Румен Радев – молк! Филипче кој од петни жили ги брани бугарските позиции на Радев, молчи кога го нарекуваат северномакедонец. Тоа е таа мекотелна политика на СДС, Заев и Филипче. Доколку тие се на власт, ќе го променат и идентитетот, јазикот, историјата и културата.

Со овој однос на Филипче и СДС, јасно станува дека тие немаат проблем Гоце Делчев да е Бугарин, Илинденското востание да е бугарско, Крсте Петков Мисирков да е Бугарин, и секако немаат проблем Македонија да стане бугарска провинција.

Ваквите политики на коленичење и виткање кичма пред оние кои ве негираат ги доведе до овој стадиум, четврта политичка партија со рејтинг сличен на статистичка грешка“, се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ