„Економијата е во слободен пад. Инфлацијата ги изеде платите, цените на основните производи континуирано растат, а минималната плата не е зголемена.
Во исто време, јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра за две години, а буџетот е празен. Нема пари ниту за тековните обврски, ниту за криминалните тендери кои се потребни за збогатување на организираната криминална група.
Додека за себе и за своите семејства обезбедија бугарски државјанства, европски пасоши и фирми во Бугарија, наместо да создава услови младите да останат во земјата, Мицкоски увезува работна сила од трети земји. Ова не е развојна политика – ова е признание за неуспех.
Реконструкцијата на Владата е чист театар. Наместо реформи, добиваме ротација на истите лица и исти политики. Реформската агенда е во застој. Додека Црна Гора доби пакет од 3,2 милијарди евра, Македонија ризикува да изгуби значителен дел од европските средства поради неисполнување на реформските чекори.
Парите од ЕУ нема да дојдат ако не се спроведат реформите а оваа Влада очигледно не е способна да ги спроведе. Буџетот е пред колапс. Не се знае до кога ќе можат да се задолжуваат. Кога ќе нема повеќе пари за ‘своите’ тендери, ќе бидат принудени на предвремени избори.
Мицкоски веќе ја укина техничката влада и сега сака да го протурка изборниот закон кој отвора можност за изборна кражба. Во исто време, подготвува нова политичка опција – платформата за иднината (ЗНАМ 2.0) чија единствена цел е да одземе гласови од опозицијата.
Загубата од преку 150.000 гласови и драстичниот пад на рејтингот се аларм за забрзани подготовки за избори. Ова не е стабилност – ова е паника на tендер коалицијата.
Партнерот што, служеше како сателит на ВМРО и на Мицкоски – ЗНАМ, се распадна. Повеќе не постојат ниту во анкетите, ниту на терен. Секојдневно ги напуштаат членови. Најпрво ја изневерија својата партија, а потоа и своите гласачи.
Сега им е потребен нов политички субјект, што ќе глуми опозиција, за да се обидат да ги поделат и расцепкаат опозициските гласови, а по изборите повторно да му послужат на Мицкоски како нов ‘сателит’.
Како што рековме, кога ќе снема пари, Мицкоски ќе распише избори“, соопшти СДСМ.






