четврток, 22 мај 2025

Профункционира системот за хлорирање на водата во Дебар

Водата за пиење во Дебар може да се користи, откако е надминат проблемот со системот за хлорирање, информираше Јавното комунално претпријатие „Стандард” кое стопанисува со водоводот Росоки – Дебар.

Објавено на

часот

Сподели

„Ги известуваме водокорисниците дека по максимална посветеност и со голем труд успеавме да го ставиме во функција системот за хлорирање, сè е во ред и водата може да се користи без проблем“, се вели во соопштението.

Притоа се додава дека водата е квалитетна и може да се пие и без хлор, но дека претходното соопштение било во знак на превентивност.

Претпријатието вчера препорача водата за пиење пред консумирање да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Причина за тоа беше техничкиот дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата не се хлорираше.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ