Од МЕРСП појаснуваат дека за реализација на мерката се обезбедени три милиони денари, а средствата ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен, до нивно исцрпување.
„Продолжувањето на рокот е донесено со јасна цел што поголем број граѓани да добијат можност да ја искористат оваа мерка и да ги намалат трошоците за греење, истовремено користејќи почист и поефикасен енергенс. Право на аплицирање имаат домаќинства кои во текот на 2026 година ќе извршат куќен приклучок на системот за дистрибуција на природен гас, како и домаќинства кои ќе набават котел на гас за објект што веќе бил приклучен на системот заклучно со 1 јануари 2026 година. Домаќинството може да поднесе едно барање“, велат од МЕРСМ.
Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани навремено да ги поднесат своите барања согласно условите од јавниот оглас.
По завршувањето на рокот, комисија формирана од Министерството ќе ги разгледа доставените апликации, а финансиската поддршка ќе биде исплатена на сите корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.
„Поддршката на граѓаните, подобрувањето на енергетската ефикасност и создавањето поквалитетни услови за живот остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Преку вакви мерки, Министерството продолжува да води политики што носат директна корист за семејствата и придонесуваат кон посигурна, почиста и поодржлива енергетска иднина“, велат од МЕРМС.





