среда, 29 април 2026

Продажните цени на индустриските производи во март зголемени за 4,4 проценти на годишно ниво

Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени  во секторите преработувачка индустрија за 0, 7 проценти и во снабдување со вода, отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 0,9  проценти, а намалени се во рударство и вадење камен за 1,5 проценти и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 проценти.

Објавено на

часот

Сподели

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени за 0,5 проценти, а за 4,4 проценти споредено со март минатата година.

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во март годинава во однос на претходниот месец се зголемени  во секторите преработувачка индустрија за 0,7 проценти и во снабдување со вода, отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 0,9  проценти, а намалени се во рударство и вадење камен за 1,5 проценти и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 проценти.

Во март 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторите рударство и вадење камен за 15,7 проценти, во преработувачка индустрија за 3,6 проценти, во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10,7 проценти и во секторот снабдување со вода, отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6,4  проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ