Ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.
ИЈЗ препорачува: избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот; oблечете лесна, широка облека во светли бои; носете капа со широк обод и очила за сонце; престојувајте во климатизирани простории, кога е можно; aко морате да бидете надвор, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце; пијте доволно течности – вода пред сè – и не чекајте да се појави жед; никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко; туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото; лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар.
Дополнително, Институтот предупредува: ако некое лице покажува знаци на топлотен удар како што се топла и сува кожа, болки во стомакот или губење на свест, веднаш повикајте итна медицинска помош на броевите 194 или 112.