недела, 15 јуни 2025

Премиерот вели дека жали ако градоначалничката Арсовска добива закани по живот

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела Арсовска во врска со незаконски легализирани дивоградби во општина Чаир, а неа ја охрабри да пријави во МВР дека добива закани по живот.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам веднаш да појде во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави, а МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапува по истото, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Институтот за јавно здравје.

Премиерот одговори „има вистина во тоа“ прашан за коментар за изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“.

#Па има вистина тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа Меџити и Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали#, рече Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ