понеделник, 18 мај 2026

Зелен хуман град организира самокандидирање за советничката листа за Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Корисниците на МојГрад ќе може директно да гласаат за пријавените кандидати врз база на нивната апликација, а оние кандидати со најмногу гласови ќе добијат можност лично да го претстават својот профил и ставови пред членовите на ЗХГ, како финален чекор пред влегување на листата. Крајниот рок за пријавување преку МојКандидат е 1 август на полноќ.

Со најдобрите дваесет кандидати од МојКандидат ќе се надополни листата за изборите на која се веќе присутни активисти. Според правилата на процесот, заинтересираните граѓани на платформата ќе треба да ги опишат своето образование, професија, претходно учество во социјални движења и активизам, политички ставови и визии, со цел да ги убедат своите сограѓани дека се вистинските личности за градски советници. Граѓаните ќе треба да се согласат на серија услови со кои се штити интегритетот на процесот и се гарантира соодветноста на кандидатите. Во склад со антипартиската агенда, кандидатите не смее да бидат партиски членови и да се вработени во градската администрација и претпријатија, министерствата, другите органи на државна управа и државните јавни претпријатија/трговски друштва. Од кандидатите се бара да имаат сопствен извор на егзистенција и да прифатат ограничување на два мандата, одразувајќи ја позицијата на ЗХГ дека политиката не смее никогаш да претставува кариера. Конечно, централната улога на МојГрад во целиот концепт е реафирмирана преку условот кандидатите веќе да биле дел од активностите на платформата со поднесување или гласање предлози, и преку согласноста изворно да ги пренесуваат и застапуваат предлозите од МојГрад во Советот, по традицијата која ја воспостави советничката Драгана Велковска.

Ова е прв пример во историјата на земјата каде што за кандидатите на една изборна листа ќе се гласа јавно, врз база на јавна презентација на нивниот карактер и компетенции. Целта е да се покаже дека може да постои и поинаков начин на водење политика, во кој клучни се механизмите на директната демократија“, соопшти коалицијата Зелен хуман град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ