Одбраната на Камчев рагира на одлуката на Судот тој да не биде пуштен од притвор и укажува на тоа дека во семејството на обвинетиот има историја на срцеви заболувања, а тој од својата 15 години прима терапија.
„Во предвид е земено и дека по четири месеци ефективен притвор, Камчев е со видливо влошена здравствена состојба и истата продолжува да се влошува бидејќи во КПУ Затвор Скопје не постојат соодветни медицински и санитарни услови за третирање на конкретната здравствена состојба. Пред само неколку денови, Камчев, пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Камчев има фамилијарен историјат на кардиоваскуларни заболувања, самиот тој за истата здравствена проблематика практикува терапија од својата 15 годишна возраст. По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје“, реагира одбраната на Камчев.
Јавното обвинителство е овластен предлагач за определување на мерки за обезбедување и според досегашната судска пракса на кривични постапки судот секогаш ги засновал своите одлуки за определување на мерки за обезбедување на присуство во рамките на предлозите поднесени од јавното обвинителство.
„Во ситуација кога подносителот на обвинението, односно јавното обвинителство, кое ја отпочнало самата кривична постапка и истата ја довело до судска постапка, смета дека повеќе не постојат причини и потреба да му бидат строго ограничени слободите и правата на обвинетиот, судот не би смеел да ја оценува волјата и ставот на јавното обвинителство и да одлучи единствено на штета на обвинетиот. Оттука, целосно небулозно е ваквото постапување на судот кое не соодејствува со законски определената улога на судот во кривичната постапка па поради тоа, се отвора и прашањето за незавиност и непристрасност на судот во случајот со Камчев“, додаваат адвокатите на Камчев.
Според сите овие факти и сето она кое како одбрана го следат, адвокатите велат дека сведоци се на тоа што повеќе од четири месеци за овој случај можеме јасно да заклучиме дека се работи за веќе видливо неоснована репресија врз Камчев.






