Според Апелацискиот суд, сега ќе треба да се завршат процедурите за запишување хипотека, по што Камчев ќе се брани од слобода во случајот „Плацеви на Водно“.
Со оглед на тоа дека од пред неколку дена е на лекување во болницата „Систина“, каде што ја дочека Новата година, Камчев практично нема да се врати во затворот, туку по третманот ќе може да оди директно дома.
Оваа гаранција е за шестпати повисока од онаа што Камчев ја понуди во септември минатата година, кога судот одби 1,8 милиони евра.
Драстично зголемената гаранција доаѓа откако Сашо Мијалков со скоро иста сума успеа да ги убеди судиите во Апелацискиот суд дека нема да избега ако се брани од слобода.






