четврток, 21 мај 2026

Со месеци нема „ало ало“ во кумановскиот суд откако гром удри во близина на зградата

Објавено на

часот

Сподели

Редакцијата на МКД.мк за да се информира за предмет кој што го работевме, а се однесуваше на судска постапка која што ја води кумановскиот суд, уште во јули наиде на проблеми за добивање на податоци преку фиксниот телефон.

Откако со денови не успеавме да добиеме никого од судот, пративме мејл во кој ни беше одговорено дека во близина на судската зграда удрил гром, кој ја оштетил телефонската централа и таа од тогаш не е во функција.
По четири месеци повторно се обидовме да оствариме комуникација со овој Суд, но приказната беше иста како и претходно. Нема никој на фиксниот телефон, па повторно мејлови и повторно истиот одговор.

„Во однос на неможноста да остварите контакт на телефонскиот број кој се
наоѓа на официјалниот сајт на судот, повторно Ве известуваме дека при
последното невреме и удар на гром во близина на судската зграда
телефонската централа на судот претрпе оштетување и во моментот истата
не е во функција”, ни одговорија денес од Основниот суд во Куманово.

Зошто никој не се обидел да го санира овој проблем и зошто така клучен објект од кој и граѓаните и медиумите имаат потреба од телефонски комуникации, за сега е нејасно. Се надеваме дека некој од надлежните ќе се информира за проблемот и дека во период на модерно електронско време, кумановци ќе добијат барем фиксен телефон во судот.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ