Бранителот Сашко Дуковски, приложи доказ дека неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини.
Првообвинета во случајот „Тендери” e поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, а второобвинета е Лидија Лазарова-Цветковска.
Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.
Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, во временскиот период од јуни 2011 г. до 05.08.2011 г., во Скопје, првообвинетата Е.К.М. како службено лице министер и вработените во Министерството – службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисијата за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор ГТД Б. Ш. АД Ш. корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“ во Скопје.






