„Врховниот суд на Република Северна Македонија, на ден 22.09.2021 година по одржана јавна седница по предметот Вкж1.бр.31/2021, донесе одлука со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетиот Д.Р. од Струмица, изјавена преку неговиот бранител и на обвинетиот Д.С. од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, а обжаленото решение на Апелациониот суд Скопје, КСЖ.бр.456/21 од 01.09.2021 година го потврди“, се наведува во соопштението објавено на веб-страната на Врховниот суд.
Рашковски беше во притвор од април поради опасност од бегство и влијание на сведоци, а по предлог на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое води истрага за него. Потоа судот одлучи тој да биде пуштен во куќен пртивор бидејќи околноста да влијае на сведоци повеќе не постоела.
Тој нудеше парични гаранции, кои не му беа прифатени. Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата што го добила тендерот.






