Предметниот обвинител за останатите двајца осомничени до Судијата на претходна постапка достави предлог на мерки за обезбедување присуство за кои судот ќе одлучува во редовна постапка.
Воедно, судијата го усвои Барањето за донесување на привремена мерка забрана на отуѓување и располагање со недвижен имот и го прифати Предлогот за издавање на решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции со предлог за привремено одземање на имот.





