четврток, 21 мај 2026

По 2 години поминати зад решетки во затворот во Идризово, Кочан бара помилување од Пендаровски

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за правда мислења за помилувања носи на редовна основа и тоа е вообичаена пракса за многу осудени лица кои бараат скратување на казната или помилување.

Конечната одлука за помилувањата ја носи Комисијата за помилување на претседателот на државава. Решението за помилување донесено од претседателот Пендаровски потоа се објавува во Службен весник.

На 1 август, 2019 години полициските „Алфи“ го спроведоа Кочан во затворот во Идризово. Кочан тогаш требаше да се јави во затворот Идризово на издржување на затворската казна на 17 јули, 2019 година, но поднесе барање за одлагање на казната поради здравствени проблеми, но судот тоа барање го одби.

Сеад Кочан, екс сопствеик на фирмата „Трансмет” до сега зад решетки има поминато речиси две години и два месеци. Кочан првично од Кривичниот суд доби шест години затвор за лажно формирање конзорциум за да добие тендер за ископ на јаловина. Но, Апелациониот суд му ја намали казната за 16 месеци.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ