„А1он” дојде до податоците од кривичната евиденција за Мерко. До Основниот суд во Струга успеал да стигне еден предмет за кој е поднесен обвинителен предлог.
Ова е дел од профилот на Рамиз Мерко и политичката кариера како градоначалник. Има 64 години, но не планира пензионирање. 18 години прима функционерска плата, а во изминатите 15 години беше градоначалник и министер. Струга ја води 12 години.






