петок, 22 мај 2026

Наскоро ќе има одлука за обвинувањата на Боки 13

Објавено на

часот

Сподели

„По овие кривични пријави Обвинителството постапува и колку што сум информиран постапката е при крај и очекувам Обвинителството во блиско време да донесе одлука во врска со овие негови наводи“, вели Јовески за МИА. 

Тој рече дека Јовановски имал неколку можности да ги истакне тие повреди или тие незаконитости или извршувањето на кривични дела од одредени поединци. Пред сѐ, како што вели Јовески, тоа можел да го направи во текот на истрагата што се водеше против него, а ако немал доверба во истрагата тоа можеше да го истакне на главната расправа каде што присуствуваа медиумите и можеше сите тие работи да се приопштат кон јавноста.

„Бојан Јовановски потоа бараше на записник да даде кривична пријава во делот на таквите негови сознанија, наводи и докази за кои тврди дека ги поседува. Јас определив и јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал, кој врз основа на дадена согласност од судијата на претходна постапка го посети во притвор со намера на записник да му земе наводи за кривична пријава. Бојан Јовановски ја одби таа соработка и после извесно време во неколку наврати, мислам дека во три му е овозможено на записник во Основното јавно обвинителство Скопје да ги изложи, да поднесе кривични пријави“, изјави Јовески.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ