сабота, 23 мај 2026

На целиот правосуден систем на државата му се неопходни реформи, порачува Јовески

Објавено на

часот

Сподели

„Состојбите на овој план се подобруваат не само заради заложбата на Обвинителството, туку и заради разбирањето и на извршната и на законодавната власт во земјата, за потребите на Обвинителството и за алиминтирање на неговите потреби за да може да биде поефикасно во извршување на својата функција“, изјавил Јовески во интервјуто за МИА.

Во однос на буџетот на Обвинителството, вели дека за оваа година е зголемен за околу 14 отсто, а Законот за јавно обвинителство гарантира дека за потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на Република Северна Македонија.

„Свесни сме дека тоа не може веднаш да се оствари со оглед на овие кризи кои се сега во земјата, но очекувам дека за неколку години ќе се постигне тој процент“, вели Јовески.

На прашањето како ја оценува состојбата од аспект што Поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на водењето на правото и фундаменталните права се практично првите кои ги оценува ЕУ во однос на нашата земја, Јовески вели дека неспорно на целиот правосуден систем на државата му се неопходни реформи.

„Но кога зборувам од аспект на Обвинителството морам да кажам дека во последниот извештај на ЕУ се бележи напредок во делот на борбата на организираниот, на тешкиот криминал. Исто така, се нотирааат и определени задачи и за Обвинителството и за државата во делот на спроведување на Стратегијата за правосудни реформи, а Обвинителството има донесено, така да речам, темелни акти во делот на стратегијата за човечки ресурси по која постапува, исто така Законот за Јавно обвинителство по кој се донесени подзаконските акти, а уште се работи и на систематизација на Обвинителството“, изјави Јовески.

Според него, не е занемарлив ниту податокот дека Обвинителството треба повеќе внимание да посвети на информатичката технологија и управувањето со предметите.

„Ние постојано преземаме дејствија во рамките на нашите надлежности за подобрување на состојбите во Обвинителството. Во тој контекст сакам да нагласам дека ние имаме обновено дел од застарената информатичка опрема со наши средства и со средства од ИПА фондовите. Но, пред нас претстои и сериозен предизвик од надоградба или измена, целосна измена на системот за управување со јавно-обвинителските предмети, потоа за неопходноста од едукација на вработените и јавните обвинители во делот на користењето на оваа технологија“, рече државниот јавен обвинител.

Тој додаде и дека имаат недостиг од електро-инженери  и техничари, кои се неопходни за успешно извршување на тој дел од работите на Обвинителството.

„Само да илустрирам дека во ова Обвинителство се вработени двајца електро-инженери, а додека од четирите апелациски подрачја вработени се тројца електро-инженери коишто се надлежни за цело подрачје на Јавното обвинителство. Во неколку наврати сме објавувале конкурси за прием на информатичари, но очигледно дека нема интерес кај луѓето со оваа професија за извршување на работите во Јавното обвинителство. Ќе мора околу тој дел и државата и Јавното обвинителство во натамошниот период да посвети сериозно внимание за да може навистина да имаме подобри резултати и да се вклучиме во европските процеси“, вели Јовески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ