Дума и Кондарко, во својство на сведоци беа сослушани и во август 2018 година.
Судењето за „Титаник 2“ се води против претседателот на ДПА, Менду Тачи, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибрами, против екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и против три поранешни членови на ДИК.
Постапка за овој случај произлезе од „бомбите“ објавени од СДСМ, а обвинението е застапувано од поранешниот специјален јавен обвинител Гаврил Бубевски.
Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите учествувале во изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.






