среда, 20 мај 2026

Кичеец префрлен во полуотворено затворско одделение, нема да ги користи досегашните олеснувања

Објавено на

часот

Сподели

Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи.

Инаку во сообраќајката што се случи пред десетина дена кај Стража на патот Маврово-Кичево, а во која учествуваше и Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, едно лице загина, а петмина беа повредени.

На Кичеец му бил одобрен прекин на издржување на казната затвор поради здравствена состојба, откако до Управата доставил специјалистички извештаи од лекарски прегледи.

Дека Кичеец е на слобода и има прекин на затворската казна јавноста дозна токму на 4 септември кога се случи сообраќајката. Тој тогаш заработи притвор во траење од 30 дена. На барање на Обвинителството, Основниот суд во Гостивар му одреди мерка притвор под сомнение дека ја предизвикал сообраќајката престигнувајќи возило на полна линија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ