четврток, 21 мај 2026

Кацарска-Баумгартнер: Соработката со Уставниот совет на Франција ќе се развива и во наредниот период

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Судот, Кацарска го запознала амбасадорот со уставната улога на Уставниот суд, неговите надлежности, предизвиците и проблемите со кои се соочува, но и визијата за натамошно унапредување на неговото функционирање преку целосно остварување на буџетска и административна самостојност, идната реформа на уставната заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, начините за остварување поголема отвореност кон јавноста на Судот и тековниот процес на кадровско екипирање на Стручната служба.

На средбата било искажано обострано задоволство од неодамнешниот прием на Уставниот суд на Република Северна Македонија во Асоцијацијата на франкофонски уставни судови, кој после подолго време повторно е дел од оваа меѓународна асоцијација, но и за досегашната соработка со Уставниот совет на Франција, која секако ќе се развива во наредниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ