На средбата беа потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји, при што беше истакната заемната заложба за нивно понатамошно продлабочување. Акцент беше ставен на потребата од интензивирање на меѓусебниот политички дијалог, како и на унапредувањето на економската и трговската соработка.
Во таа насока, министерот Муцунски, во име на Владата, потпиша два меморандуми за разбирање – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.
На средбата беше нагласена и важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции. Покрај билатералните односи, соговорниците разменија мислења и за актуелните геополитички случувања во светот.