Пред половина час евакуирани се и текстилните работнички од текстилната конфекција „Албатрос“.
Локализиран е пожарот на тврдината Исар, кој попладнево зафати поголема површина и постоеше опасност огнот да се приближи и до куќите во населбата Исар. Во гаснењето и на овој пожар учествуваа пожарникари од ТППЕ Штип, доброволци од ДПД Штип и локално население. Според очевидци пожарот на тврдината Исар настанал од искрење на жица од електричен столб.
Во штипското село Чардаклија попладнево изгоре и фотоволтаична централа. Покрај стариот регионален пат од пожарот, кој се ширел од фотоволтаичната централа, се уште се забележува тлеење.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, информираше дека материјалнат штета во овој пожар е голема.






