Од „Дојче Веле” потсетуваат дека од Општина Тетово веќе излегоа со тврдење дека тие немале никаква надлежност во фазите од изградбата и контролата на објектот, а надлежните во болницата досега немаа никаква реакција, што се должи и на тековната истрага.
„Проектната листа за изградба на модуларните болници вклучуваше конкретни мерки фокусирани на заштита од пожари и подготвеност за итни случаи за време на изградбата, а исто така постоеше обврска да се воспостави ‘План за заштита од пожари’ на почетокот на работата на објектот“, објаснува за „Дојче Веле” претставник на Светска банка. Тој план требало „да се изработи и спроведе од назначениот болнички персонал под одговорност на директорот на болницата”.
Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8 септември вечерта, а загинаа 14 луѓе. Сведоци трвдеа дека немало противпожарни апарати и дека во првите моменти се гасело со вода од шишиња.






