сабота, 2 мај 2026

Заев се надева дека на Самитот во Словенија ќе се деблокира проширувањето на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, тој, како што вели, искрено се надева дека пораки од овој форум ќе бидат дел од новиот импулс кој е толку неопходен во овој момент и дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат направени потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ.

„Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, а ние, во духот европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение за нашите билатерални прашања. За да се обнови довербата во проширувањето и за да се зајакнат механизмите на ЕУ за ефикасно спроведување на процесот за интеграција и за членство на своите природни сојузници од Западен Балкан, Брисел, треба без резерви да го обезбеди пристапот на политичките лидери и на претставниците на граѓанските организации од овој регион да учествуваат во активностите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија“, порача Заев.

Ова, како што кажа, е особено и суштински важно, бидејќи ако остане овој статус кво, без изгледни шанси за напредок, разочарувањето од блокадата на проширувањето ќе се прошири како канцер и врз другите процеси за европеизација на земјите од Западен Балкан. Во таа насока, многу е важно, вели, да продолжат сите предвидени национални политики за Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор, со поддршката од Економскиот и инвестициониот план за Западен Балкан на Европската Унија.

„Нема никакво сомневање, и во нашите политики е апсолутно прифатено дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во Зелената агенда за Западен Балкан. Овој форум и натамошното вмрежување на граѓанските организации може да го даде дополнителниот придонес во градењето на капацитетите на граѓанските организации, а регионалната соработка, како и размената на експертиза, се во врвот на нашите владини политики за поддршка“, рече Заев.

На форумот, организиран од ЕЕСК во соработка со Европската комисија, ќе учествуваат, меѓу другите говорници, и Криста Швенг, претседател на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, кој ќе се обрати виртуелно, како и Гаспер Довжан, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија.

На форумот ќе се дискутира за тоа како да се подобри процесот на пристапување – веродостојна ЕУ перспектива за Западен Балкан, пост-ковид закрепнување – предизвици и можности на Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан и Заедничкиот регионален пазар

Меѓу темите за коишто ќе се разговара ќе бидат и придонесот на организициите од граѓанското општество (ОГО) за Зелената агенда и одржливиот развој на Западен Балкан како дел од пристапниот процес во ЕУ, како и состојбата на социјалниот дијалог и граѓанскиот простор на Западен Балкан.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ