„Извештајот ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката“, рече Заев и додаде дека засега тој нема информации од истрагата.
Заев како високоморален чин ги оцени оставките на министерот Филипче и неговиот заменик Илир Хасани. Филипче, како што нагласи, редовно доаѓа на работа.
Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема трагедија и вели дека и тој реагира како секој обичен човек.
„Тешко ми е како и на сите граѓани, се случи страшна трагедија, се разбира најтешко им е на семејствата. Јас сум само обичен човек и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата. Знам дека експерти форензичари од МВР работат заедно со тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, имаме и експерти од Германија. За мене е важно да има брз резултат и да ги добиеме сите одговори“; рече Заев.






