„На 31 октомври изјавив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми. Логично е да бидам посветен на процесот. Очекувам демократското мнозинство да се стабилизира, пред сѐ тоа што е ориентирано за евроатлантскиот пат, за мултиетничкото општество, за држење на добрососедските односи. Затоа се овие напори. Објавив Фејсбук статус за да биде појасно дека важно е државата да не се врати повторно во минатото на кавги и да ги загрози евроатланските процеси. Уште еднаш напоменувам вечерта на 31 кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам, да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство, ако може тоа парламентарно мнозинство и да порасне. Деновите се пред нас, секако тоа ќе го дознаеме сите“, изјави кратко Заев пред новинарите.
По завршувањето на состаноците на партиските органи, Заев на прашањето како е да се биде 10 дена без медиуми одговори дека „слободата е убава работа“.
„Денеска имаме одлука на Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по нив“, изјави Заев.






