
Коментирајќи ги обвинувањата од претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Заев рече дека исти такви обвинувања имаше и порано дека преку Преспанскиот договор ќе го изгубиме идентитетот.
„Ќе прашам јавно, зарем е можно изгубен идентитет повторно да го изгубиме? Тој ниту бил изгубен, ниту ќе се изгуби. Изгубен е веројатно Мицкоски и ако некој го пронајде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ ама не верувам дека и таму ќе биде нешто од помош“, одговори Заев.






