Покрај лауреатите на овие високи фестивалски признанија на традиционалниот поетски митинг „Мостови“ стихови читаа и поети од сите меридијани.
Во рамките на фестивалската програма на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство му беше врачена наградата „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобар поет-дебитант за стихозбирката „Нови познати фрази“. Наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво му беше доделена на Ибраим Џемаил – Скарабеус за книгата „Патешествие низ времиња“.

Учесниците на фестивалот од Струга уште еднаш ја испратија пораката дека поезијата е универзален јазик без граници, кој ги обединува луѓето и народите од сите страни на светот.
Манифестацијата почна во средата со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитничката на „Златен венец“ и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата.
Според фестивалската програма, во рамките на „Поезијата на пат“, утре „Поетско матине ќе се одржи во винарската визба „ Тиквеш“ во Кавадарци.






