четврток, 7 мај 2026

„Заедно, одговорно и посветено“ е програмата на Ковачевски поднесена со кандидатурата

Објавено на

часот

Сподели

„Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата и да го вратиме единството во општеството за да можеме да имаме посилни демократски партии и да имаме посилно општество. Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општетсво, притоа имајќи го во предвив јасниот пат на нашето општество во европските интеграции“, изјави Ковачевски.

Во однос на прашањето дали смета дека ќе биде под силно влијание од досегашниот лидер и премиер Зоран Заев, тој рече дека доколку биде избран за лидер на СДСМ одговорот на таквото прашање ќе се види преку неговото работење и интегритетот во носењето на одлуки.

Ковачевски на новинарите им одговори дека се надева дека Алтернатива ќе донесе одлука за влез во Владата и дека ќе стане дел од парламентарното мнозинство. Тоа, како што рече, ќе придонесе Владата да биде стабилна и со капацитет да ги решава големите проблеми како што се справувањето со ковид-19, енергетската криза и предизвиците во однос на животниот стандард на граѓаните.

На прашањето да го коментира поднесувањето на кандидатура од страна на Фросина Ременски, Ковачевски само одговори дека и тоа е доказ за демократскиот капацитет на СДСМ.

Постапката за кандидирање за вонредните внатрепартиски избори на СДСМ трае до петок декември, а право има секој член на СДСМ со стаж од пет години. и најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Во меѓувреме, исто така, тече и процесот на активна регистрација на членството.

Право на глас на внатрепартиските избори, како што информираа од партијата по започнувањето на постапката, има секој член кој активно ќе се регистрира, преку онлајн платформата на веб страната на СДСМ или преку општинските организации на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ