петок, 8 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата на Јовановски: Зошто Обвинителството не ги повикува Русковска и Заев на распит?

Објавено на

часот

Сподели

„Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски самиот изјави дека на врвот на рекетарската мрежа седел Зоран Заев. Тој посочи дека Заев наредувал и управувал со обвинителството и судството. Јовановски кажа дека Заев праќал пораки со наредби кому да се вратат пасошите. Воедно тој посведочи како Заев му кажал и го предупредил Бојан Јовановски дека против него е пријавен случај за рекет. Доколку ова е вистина, тоа значи дека ниту рекет бил можен без Заев, ниту пак е правда возможно со Вилма Русковска. Главното прашање, по сведоштвата на Миле Јовановски во Рекет, зошто обвинителството не ги повика Русковска и Зоран Заев на распит?“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ